Новинарските организации со осуди за нападот врз Беловски

Новинарските организации остро го осудуваат физичкиот напад врз новинарот на телевизија Телма Павле Беловски, кој вчеравечер пред МВР беше нападнат со тупаници и клоци од лице со криминално досие, додека известувал за увидот на Специјалното обвинителство во УБК за аферата прислушување.
Нападот на новинарот Беловски е смислен акт взр слобоадта на медиумите оркестриран од одредени структури на МВР кои сакаат да ги одвратат новинарите да известуваат з а нивните опструкции врз истргата, се вели во соопштението на ЗНМ
Синдикатот на Новинари ја потсетува јавноста дека станува збор за шести напад врз новинар на место на настан од 2015 година до сега.

Институциите треба да се свесни дека физички или друг тип на загрозување на новинар, особено на работна задача е напад врз демократското уредување на државата, се вели во соопштението на ССНМ

Македонскиот институт за медиуми апелира до надлежните институции, во најкус можен рок, да го расчистат случајот и соодветно да го казнат напаѓачот.