Новинарот Павле Беловски од Телма физички нападнат пред МВР

Павле Беловски, новинар

Новинарот Павле Беловски од ТВ Телма вечерва бил физички нападнат од едно лице пред МВР во Скопје додека се подготвувал да се вклучи во живо во вестите на оваа телевизија. Беловски вели дека има мали повреди, но се чувствува добро.

„Додека ги извршувавме работните обврски заедно со снимателот ми пријде лице, се обиде вербално да ме испровоцира со политички квалификации, најверојатно го забележа возилото од Телма телевизија, со колегата го игнориравме, беше предупреден и од обезбедувањето на МВР и кога тргнав да се јавувам во живо дојде одзади и ме удри со тупаница во главата и започна со клоци, стравував дека има оружје во себе, но за среќа полицијата интервенираше“, рече вечерва Беловски за А1он, откако даде изјава за инцидентот во полициската станица Беко во Скопје.

Напаѓачот се уште се наоѓа во полициската станица.