Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот од југозапад облачноста ќе се зголемува и ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите подрачја. Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од 13 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 8 до 17 степени.