Ердоган предупреди на голем број бегалци од Алепо

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека најмалку еден милион Сиријци може да пристигнат во Турција, ако има масовен бегалски бран од Алепо. Источниот дел на сирискиот град Алепо е под опсада на сириски и руски сили. Ердоган наведе и дека синоќа телефонски разговарал во претседателот на Русија, Владимир Путин за договорот за повлекување од Алепо на групата Фронт ал Нусра, која сега се нарекува Џебхат Фатах ал Шам. Групата беше сириски огранок на Ал Каеда пред да се преименува и да ги прекине врските со терористичката мрежа.