Пентагон: ИД користи луѓе како жив штит во Мосул

од офанзивата на ирачките сили кон Мосул, 17.10.2016.

Пентагон ги обвини милитантите на Исламската држава дека користеле илјадници жители на Мосул како жив штит во обид да го спречат напредувањето на ирачките сили кон градот. „Ова се случува веќе неколку недели. Луѓето со сила се затворани и не им се дозволува да излезат од Мосул. Тие се држат таму без нивна согласност“, изјави портпаролот на Пентагон капетан Џеф Дејвис. Околу милион ипол луѓе се уште се наоѓаат во градот. Меѓународната организација за миграции во меѓувреме соопшти дека екстремистите користеле и хемиско оружје.