МФ: Вишокот пари од задолжувањето ќе биде на депозитната страна

Архивска фотографија - Министерот за финансии Кирил Миноски на Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Министерството за финансии преку соопштение реагираше на денешната изјава на дополнителниот заменик-министер Кире Наумов дека со последните две аукции е зголемен долгот за нови 12,7 милиони евра.

„Сумата која Министерството за финансии ја враќа во стопанството неделава по основ на државни хартии од вредност изнесува 1,915 милијарди денари. На денешната аукција запишани се 1,959 милијарди денари, иако дополнителниот заменик министер за финансии Наумов во своето соопштение до јавноста вчера тврдеше дека таа сума е за 17 пати повисока од онаа која се враќа во стопанството, се вели во реакцијата.

Министерството за финансии наведува дека доколку поради поголема побарувачка на државните хартии од вредност на пазарот на капитал се запише поголема сума од доспеаната за враќање, тие ќе се стават на депозитната страна за следната година.