ОН: Во Алепо да замолчи целото оружје

Човек поминува покрај оштетено возило за време на воздушните напади во близина на Алепо, 17 откомври 2016.

Обединетите нации соопштија дека чекаат безбедносни гаранции пред спроведувањето хуманитарни операции во сирискиот град Алепо.

„Нам ни треба целото оружје да замолчи“, изјави денеска портпаролот на хуманитарната агенција на ОН, Јенс Лерке.

„Ни треба уверување од сите страни во конфликтот, а не само еднострана најава дека тоа ќе се случи“, рече тој.

Ова изјава доаѓа откако Москва соопшти дека руските и сириските воени авиони осум часа ќе ги прекинат воздушните напади врз Алепо на 20 октомври за да им дозволат да цивилите и на бунтовничките борци да го напуштат опколениот град. Лерке рече дека ОН бараат „48-часовна пауза“ за да им се овозможи да достават хуманитарна помош и да ги евакуираат болните и ранетите.