Павлопулос: Македонија е грчка

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за време на посета на Москва, јануари 2016.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос уште еднаш го повтори својот категоричен став дека Македонија е грчка.

„Македонија била, е, и ќе остане грчка“, изјави Павлопулос во говор во Воден, каде беше прогласен за почесен граѓанин.

Тој обвини дека земја „со иредентистички барања нема да се приклучи кон Европската унија, затоа што ги крши европските закони“.

„Инсистирањето на името, што значи иредентизам, го крши европското право, затоа нема интеграција на нашите соседи во Европската унија, затоа што тие не ги исполнуваат дури ни условите на институционалните закони на ЕУ. Ние јасно дадовме до знаење дека сакаме добрососедски односи и пријателство. Но, тоа оди преку почитување на историјата и институциите на самата Европа, рече Павлопулос.