Жбогар: Изборите може да ја извлечат земјата од кризата

Средба на премиерот Емил Димитриев со еврамбасадорот Самуел Жбогар, 12 септември 2016.

Изборите на 11 декември можат да ја извлечат земјата од политичката криза под услов кампањата да биде фер и изборите да бидат кредибилни, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар.

„Изборите можат да ја извлечат земјата од политичката криза и под услов новата влада кога ќе ја преземе функцијата да побара итно, искрено и сеопфатно спроведување на реформските приоритети“, рече Жбогар.

Посочи дека меѓу нив се и подобрувањето на односите меѓу заедниците и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

Тој денеска присуствуваше на отворањето на Националната конференција „Градење култура на соживот: Соработка помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа како фактор за развој на меѓуетничкиот дијалог“.