Повлекување на милитантите на ИД кај Мосул

Од офанзивата за ослободување на Мосул, 17.10.2016.

Курдски команданти објавија дека Пешмерга борците и ирачките сили, поддржани од авиони на коалицијата предводена од САД, брзо напредувале од почетокот на офанзивата врз главното упориште на милитантите на Исламската држава во Мосул. По целодневниот артилериски оган, курдските сили успеале да заземат околу 200 квадратни километри и да ги натераат на повлекување милитантите на ИД. Битката за преземање на Мосул кој е под контрола на ИД од 2014 година е дел од најголемата воена операција во Ирак откако американските трупи ја напуштија таа земја во 2011 година.