Експлозија во фабрика во Германија

Експлозија во фабрика на хемиската компанија БАСФ

Најмалку еден човек загина, шестмина се повредени, а неколку луѓе се водат за исчезнати во експлозија во најголемата хемиска компанија на светот, потврдија германските власти, Станува збор за експлозија во фабрика на хемиската компанија БАСФ што се наоѓа во западниот дел на Германија. Медиумите јавуваат дека експлодирал еден танкер оставен во пристанишните објекти на фабриката сместени на реката Рајна, во Лудвигхафен. Извештаите велат дека се издига голем облак од чад над огромниот комплекс на хемиската компанија. Полицијата ги предупреди жителите кои живеат во околината да ги држат прозорците и вратите затворени и да ја исклучат вентилацијата и системите за климатизација. Предупредени се и возачите да ја избегнуваат таа област.

Од компанијата соопштија дека ја истражуваат причината за несреќата и дека затвориле 14 други хемиски постројки во близина, како мерка на претпазливост.