Јункер: Обезбедени 2,2 милијарди евра за Турција

Архивска фотографија: Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер 14 Септември 2016

Европската унија досега обезбеди 2.2 милијарди евра од предвидените три милијарди евра за спогодбата за миграцијата со Турција, е наведено во писмото на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, до шефовите на држави и влади на ЕУ. Спогодбата предвидува една милијарда евра да се обезбедат од буџетот на ЕУ, а останатите од националните влади. Обезбедените средства ќе треба да се искористат за обезбедување на образование, медицинска нега и храна за мигрантите.

Се очекува прашањето за миграциските приливи да се најде и на дневниот ред на претстојното заседание на Европскиот совет.