Пенс: ќе ги прифатиме резултатите од изборите

Републиканскиот кандидат за потпретседател на САД Мајк Пенс и претседателскиот кандидат Доналд Трамп на Ноационалната конвенција на републиканците Кливленд, Охајо 21.06.2016.

Републиканскиот кандидат за потпретседател на САД Мајк Пенс изјави дека тој и претседателскиот кандидат Доналд Трамп ќе ја почитуваат „волјата на американскиот народ“ на денот на изборите. Со тоа Пенс сугерира дека изјавите на Трамп за „наместени избори“ произлегуваат од неговите уверувања дека медиумите се здружиле против него. Пенс наведе дека жалбите на Трамп против медиумите го одразува заморот од, како што рече, „очигледната пристрасност во националните медиуми“. Веднаш по оваа изјава на Пенс, Трамп повторно на Твитер напиша дека „изборите се апсолутно наместени од нечесните и изобличени медиуми“.