САД и Британија за нови санкции против Сирија и Русија

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон и американскиот државен секретар Џон Кери по средбата во Лондон посветена на Сирија, 16.10.2016.

САД и Британија соопштија дека разгледуваат нови санкции како притисок врз сириската влада и нејзиниот сојузник Русија со цел запирање на бомбардирањето врз опколениот град Алепо. Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон и американскиот државен секретар Џон Кери ова го изјавија откако во Лондон ги информираа сојузниците за влошената ситуација во Сирија. Тие исто така ги повикаа Русија и Иран, кои се клучни поддржувачи на сирискиот претседател Башар ал Асад, да се согласат на нов прекин на огнот за да се овозможи хуманитарна помош за цивилното население.