Ирак покрена офанзива за освојување на Мосул од ИД

конвој на ирачките сили пред Мосул, 12.10.2016.

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади го објави почетокот на долго очекуваната воена операција за повторно заземање на градот Мосул од екстремистичката група Исламска држава. Во офанзивата со поддршка на коалицијата предводена од САД, се вклучени ирачки безбедносни сили и курдските Пешмерга борци. Битката за Мосул е најголемата воена операција во Ирак откако американските трупи во 2011 година ја напуштија таа земја. Доколку биде успешна тоа ќе бида најголем пораз на екстремистите.