Прозападната партија води на изборите во Црна Гора

Мило Ѓукановиќ, премиер и лидер на Демократската партија на социјалистите по гласањето на изборите, Подгорица 16.10.2016.

Прозападнта Демократска партија на социјалистите на премиерот Мило Ѓукановиќ води на вчерашните паралментарни избори во Црна Гора, покажуваат првичните неофицијални резултати. Партијата на Ѓукановиќ има 42 насто, додека опозицискиот Демократски фронт над 22 процента. Алијансата „Клуч“ која исто така е против владејачката партија има освоено над 11 насто. Одѕивот на гласачите бил рекордно висок, околу 73 проценти. На ова гласање се гледаше како на избор меѓу Русија и Западот. Вчера во Црна Гора беа упасени 20 луѓе кои наводно дошле од Србија под сомневање дека сакале да нападнат државни институции.