Иран се обидува да го обнови енергетскиот сектор

Логото на иранското Министерство за нафта.

Иран соопшти дека ќе почне да ги прима апликациите за неодреден број проекти за нафта и гас, во услови кога земјата се надева дека ќе провлече странски инвеститори во својот енергетски сектори по неколкугодишните санкции. Државната Национална иранска нафтена компанија соопшти дека компаниите треба да ги достават сите документи во предквалификацијата за понудувачи за развој на полињата на нафта и природен гас во земјата. Заинтересираните компании до 19 ноември треба да ги достават своите квалификации. Иран се обидува да го обнови енергетскиот сектор откако беа укинати меѓународните санкции на почетокот на годинава, по нуклеарниот договор меѓу Техеран и западните земји. Иран се надева дека ќе го зголеми производството на сурова на нафта на нивото од пред санкциите на четири милиони барели дневно.