Обединети за Македонија во коалиција со десниот блок

Архивска фотографија - Претседателот на партијата Љубе Бошкоски, кој е и поранешниот министер за внатрешни работи донесен на распит во Специјалното јавно обвинителство, февруари 2016.

Политичката партија Обединети за Македонија денеска во Скопје одржува Централно собрание.

Претседателот на партијата Љубе Бошкоски во изјава за медиумите рече дека на предвремените парламентарни избори ќе настапат со партии од десниот политички блок.

„Според нашата јасна профилација како демохристијанска народна партија, природно е да коалицираме со десниот блок, доколку се договориме и доколку бидат исполнети условите кои ние јасно ги поставуваме за коалицирање“, рече Бошкоски.