Путин и Моди разговараат за енергетски и одбранбени прашања

Путин и Моди преку видео линк се вклучија на почетокот на изградбата на наредната фаза од нуклеарната централа која Русија ја изгради во државата Тамил Наду во југоисточна Индија.

Претседателот на Русија, Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди разговараат за енергетски и одбранбени прашања и за подобрување на односите меѓу двете земји по последните предизвици. Русија и Индија со децении одржуваат добри односи. Путин и Ноди се среќаваат во одморалиштето Гоа во западна Индија. Тие се во Гоа за Самитот на БРИКС, на кој учествуваат и лидерите на Бразил, Кина и Јужна Африка. За време на нивната билатерална средба, двајцата преку видео линк се вклучија на почетокот на изградбата на наредната фаза од нуклеарната централа која Русија ја изгради во државата Тамил Наду во југоисточна Индија. Двајцата потпишаа договор и за изградба на нови реактори во нуклеарката Куданкулам. Исто така потпишаа договор вреден милијарди долари за испорака на руски антиракетни одбранбени системи во Индија. Двајцата лидери исто така ќе ја искористат приликата да ги надминат разликите што се појавија меѓу нив во последните неколку години. Русија е претпазлива по засилената соработка на Индија со САД, вклучувајќи го и последниот договор за воена логистика. Индија, пак, е загрижена поради подобрувањето на односите на Русија со Пакистан, кој е противник на Индија. Русија и Пакистан неодамна одржаа заеднички воени вежби.