Русија ќе и испорачува против воздушен системи на Турција ?

Кремаљ објави дека Москва може да го разгледа снабдувањето на системот за против воздушна одбрана на Турција и оти тоа може да биде уште еден чекор во натамошното затоплување на односите. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега, Реџеп Тајип Ердоган на разговорите во Истанбул на почетокот од оваа недела, ја спомнале можноста Анкара од Москва да набави системи за противвоздушна одбрана "Различни системи за ракетна одбрана беа споменати и ако турската страна го сака тоа, Русија може да ја разгледа можноста за набавка на различни начини", изјави Песков за медиумите повикувајќи се на турски извори Министерството за надворешни работи, претходно оваа недела објави дека Анкара е подготвена да прифати понуда од Русија за турски тендер за изградба на системи за противвоздушна одбрана со долг дострел. Посетата на Путин на Турција, беше прва од ноември 2015 година по соборувањето на рускиот воен авион од Анкара, што предизвика најголеми тензии меѓу двете земји од крајот на Студената војна.