Се интензивираат воздушните напади во Мосул

Државната новинска агенција на Турција објави дека воената операција за преземање на северниот ирачки град Мосул, од милитантите на Исламската држава ќе започне во рок од неколку дена.Турската агенција, повикувајќи се на претставници, кои учествувале во разговорите меѓу Турција и САД, како и на ирачки извори, соопшти дека операцијата ќе почне за неколку дена „доколку не се случи нешто непредвидено“.Според истите извори сунитски муслимански сили обучени од страна на турската војска во логор во северен Ирак ќе учествува во планираната операција. Во меѓувреме, генералот Ахмед Али Гоударзи кој раководи со безбедносните сили во јужниот дел на Ирак потврди дека се зголемени воздушни напади против милитантни цели во Мосул пред планираната операција за повторно заземање на градот.