ВМРО-ДПМНЕ организира собир во "Борис Трајковски" в недела

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за здравство Никола Тодоров најави дека во следните три дена владејачката партија ќе организира партиски настани, трибини и собири на кои ќе се дискутира за постигнувањата на партијата, проектите, но и за нејзините генерални политики.Тридневните активности ќе завршат со собир во салата „Борис Трајковски“ на кој ќе се обрати претседателот на партијата Никола Груевски.

Тој изјави дека ВМРО ДПМНЕ порачува дека е време за крај на политичката криза, на деструкциите, поигрувањето со чувствата на луѓето, и крај за штетите за државата.

Според него, ова ќе биде викенд на отчетност и на реални проекти и дела, што ги прави ВМРО-ДПМНЕ.