Српските лидери велат дека поддршката за влез во НАТО опаѓа

Александар Вучиќ и Томислав Николиќ

Српските лидери предупредија дека поддршката за приклучување на нивната земја во Европската унија опаѓа на сметка на поцврсти врски со Русија. Премиерот Александар Вучиќ изјави дека членството во ЕУ останува цел на неговата влада и покрај сменетата атмосфреа во која се поздравува поголемото руско присуство во Србија. „На извесен начин, ја губиме основата. Успеавме да го загубиме моментот и денес има целосно поинаква атмосфера од пред година или две“, изјави Вучиќ. Во меѓувреме, српскиот претседател Томислав Николиќ при посетата на Москва изјави дека Србија никогаш нема да го признае Косово ако тоа е условот да влезе во ЕУ.