„Недељник“ го повлече написот за извинувањето на Трамп за бомбардирањето на НАТО

американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп

Српскиот магазин „Недељник“ го повлече написот во кој се наведува дека американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп се извинил за американската улога во бомбардирањето на поранешна Југославија во 1999 година. Весникот објаснува дека најверојатно бил „насамарен“ при објавувањето на сега дискредитираното интервју во кое Трамп ветува нова политика спрема Балканот доколку биде избран за претседател. „Гоподин Трамп никогаш не дал интервју за српскиот магазин „Недељник“ како што погрешно е објавено, ниту такво интервју било водено преку нашиот директор во Индијана Сузан Јаворовски“, изјави Џејсон Милер, советник за комуникации во изборниот штаб на Трамп.