Трамп и се извини на Србија за бомбардирањето во 1999

Републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп.

Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп се извини за американската улога во кампањта за бомбардирањето на Југославија во 1999 година.

Бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО, за време на владеењето на администрацијата на претседателот Бил Клинтон, го заузда владеењето на тогашниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ и доведе до крај на војната во Косово.

„Бомбардирањето на Србите, кои беа наши сојузници во двете светски војни, беше голема грешка“, рече Трамп. Тој додаде дека „Србите се многу добри луѓе, но за жал администрацијата на Клинтон им предизвика многу штета, но и на целиот Балкан каде направи хаос.“