Иран испрати воени бродови на јеменскиот брег

Илустрација.

Иранските медиуми соопштуваат дека земјата испратила два воени бродови во Аденскиот Залив, во близина на брегот на Јемен. Соопштението следи откако САД изврши ракетни напади на места каде биле поставени јеменски радари контролирани од Хути силите во Јемен, кои се поддржани од Иран. Оваа недела Хути бунтовниците имаа неуспешен ракетен напад врз морнарицата на САД.