Времето денеска: сончево и малку облачно

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура од -1 до 8, а дневната од 16 до 21 степен. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура до три, а дневната ќе достигне до 18.