Чавушоглу: Анкара не прави разлика меѓу терористите од ИД и од ПКК

Турските власти не прават принципиелна разлика меѓу терористите од Исламската држава и членовите на Курдската работничка партија, нагласи денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говор на есенската сесија на ПССЕ.

„Ние продолжуваме да се бориме со тероризмот независно од тоа какви форми има тој. За нас нема принципиелна разлика меѓу ИД и ПКК, сето тоа е зло и терористи“, наведе Чавушоглу.