Македонија се пласира на Европското фудбалско првенство

Младата фудбалска репрезентација обезбеди пласман на европското првенство за играчи до 21 година кое следната година ќе се одржи во Полска. Синоќа на исполнетата арена „Филип Втори“, пред повеќе од 15 илајди гледачи избраниците на селекторот Бобан Милевски ја совладаа Шкотска со 2:0. Големиот успех на црвено-жолтите го најави Кире Маркоски во 18., а потврди Барди со гол 4 минути подоцна. Благодарение и на триумфот на Украина на гости против Исланд со 3:2, македонската млада репрзентација го освои првото место во третата квалификациска група и се пласира на завршницата на европскиот шампионат. Ова е првпат Македонија да се пласира на големо фудбалско натпреварување.