Русија бара одложување на посетата на Путин на Париз

Рускиот претседател Владимир Путин

Француските власти соопштија дека Русија упатила барање да се одложи посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Париз поради несогласувањата околу агендата во разговорите со неговиот француски колега Франспоа Оланд. Ројтерс јави дека Путин би се сретнал со Оланд на 19 октомври под услов тие да разговараат само за ситуацијата во Сирија. Путин планираше да ја посети Франција и за да присуствува на инаугурацијата на руската православна црква и на руска уметничка изложба.