На грчките острови има над 11 илјади бегалци и мигранти

Во изминативе пет дена на грчките острови во северниот дел на Егејското Море пристигнале околу 500 мигранти и бегалци. На Самос пристигнале 299 лица, на Лезбос 86 и на Хиос пристигнале 114 мигранти и бегалци. Според денешните податоци, бројот на мигранти и бегалци кои бараат азил во Грција и се блокирани на грчките острови достигна над 11.100 лица. За првпат по договорот меѓу ЕУ и Турција бројот на мигранти и бегалци кои се наоѓаат на грчките острови да надминува 11.000.