Оланд се двоуми за средба со Путин

Францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро вели дека претседателот Франсоа Оланд ќе ја разгледа ситуацијата во сирискиот град Алепо пред да одлучи дали ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путун при неговата посета на Париз следната недела. Тој во интервју за француско радио посочи дека ќе побара од Меѓународниот суд за правда да се испитаат наводите за воени злосторства во Сирија.

„Ние не се согласуваме со тоа што го прави Русија, со бомбардирањето на Алепо. Франција е посветена како никогаш до сега на спасување на населението во Алепо,“ изјави Еро.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека Путин се уште се подготува за посета на Париз по покана за отворање на Руска православна црква и дека засега разговорите со Оланд се уште се на официјалната агенда.

Вчера Оланд изјави дека се уште размислува дали да се сретне со Путин, но доколку се сретне со него ќе разговара за како што изјави „ неприфатливите руски акции во Сирија“, и за руската поддршка на сирискиот претседател Башар Ал Асад.