Остатоци од масовна гробница од 1913 година пронајдени во дворот на Ахмети

Илустрација

Во дворот на семејната куќа на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во село Зајас вчера биле пронајдени човечки черепи и коски од екстремитети. Коските се пронајдени во ексхумацијата на гробницата што започнала вчера, а според кординаторот на тимот за ексхумација Мусли Муслиу, се претпоставува оти остатоците се од 1913 година. Тој исто така посочи оти луѓето кои се во масовната гробница претежно се жители од тој крај, и според првичните сознанија најверојатно станува збор за 10 до 60 луѓе.

На местото на настанот денеска излегле и преставници од Јавното обвинителство од Гостивар кои извршиле увид. Се очекува да почне истрагата за расветлување на случајот.