Саудиска Арабија ќе го истражува смртоносниот напад во Јемен


Арапската Коалицијата која е предводена од Саудиска Арабија соопшти дека ќе започне истрага за смртоносниот воздушен напад на погребот во главниот град Сана. Обединетите нации соопштија дека во нападот вчера загинаа над 140 луѓе , а стотици се повредени. Коалицијата објави дека "веднаш ќе го испита овој случај", заедно со експерти од САД, додавајќи дека силите на коалицијата имаат "јасни инструкции да се избегнуваат населени места и цивили". Коалицијата претходно соопшти дека не спровела операција во Сана во времето на инцидентот. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун повика на "брза и непристрасна" истрага, велејќи дека секој намерен напад врз цивили е "целосно неприфатлив". САД соопштија дека започнуваат со "итно преиспитување " на својата "веќе значително намалена поддршка на саудиски предводената коалиција. Коалицијта која ја подржува Владата започна со бомбардирањето против шиитските бунтовниците Хути во- март 2015 година.