Габер со најмногу гласови за судија во Старзбур

Комисијата за избор на судии во Европскиот суд за човекови права при Парламентарното Собрание на Советот на Европа предлага до останатите членови на ПССЕ да гласаат за кандидатурата на Наташа Габер Дамјановска за судија од Македонија, јавува Македонската Информативна Агенција.

Комисијата ги разгледа кандидатурите на тројцата кандиати доставени од Македонија, по што на состанокот минатата недела во Париз имало разговори со сите канидати, и со тесно мнозинство од гласови предност и е дадена на Наташа Габер-Дамјановска, пред Јован Илиевски

Третиот кандидат Звонимир Јанкуловски, не влегува според документот во завршната фаза на гласањето.

Гчасањето за судиите е тајно и првиот круг започнува во вторник изутрината, евентуалниот втор круг е предвиден за во среда.

Македонскиот судија ја презема функцијата од 1 февруари 2017 година, кога истекува мандатот на сегашната судијка Мирјана Лазарова Трајковска.