Потрага по осомничен бомбаш во источна Германија

Германските власти информираа дека во тек е голема потера во источниот град Кемниц за еден Сириец осомничен за планирање бомбашки напад, а оти од жителите било побарано да останат дома. Претходно, полицијата објави дека евакуирале една зграда во центарот и дека се најдени траги од експлозив во станот на осомничениот. Стотици германски полицијци, вклучувајќи ги и специјализираните командоси, се вклучени во потрагата по осомничениот во близина на станбената површина, во Кемниц.Од канцеларијата на кривичната истрага на Саксонија не наведоа "каде, кога, и зошто" е планиран нападот.