Путин и Ердоган ќе се сретнат на 10 октомври

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган во Истанбул на десетти октомври. Канцеларијата за односи со јавност на Кремљ денеска соопшти дека Путин ќе биде во Турција за да учествува на 23 Светски енергетски конгрес и ќе се сретне со Ердоган на маргините на тој настан.

Секретарот за односи со јавност на Путин, Дмитри Песков рече дека двајцата претседатели ќе разговараат за релевантни прашања за руско-турските односи, како и за регионални и меѓународни прашања, вклучувајќи ја и Сирија. Тој додаде дека планирано е Путин и Ердоган да потпишат повеќе билатерални документи.

Како што соопшти Песков, рускиот претседател додека е во Истанбул ќе се сретне и со венецуелскиот колега Николас Мадуро.