Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Сирија

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница на која ќе расправа за ситуацијата во Сирија, откако специјалниот пратник на ОН за таа земја Стафан де Мистура изрази загриженост дека бунтовничките делови на градот Алепо ќе бидат целосно уништени до крајот на годинава. Седницата е свикана на иницијатива на Русија и на неа де Мистура преку видео конференција ќе поднесе извештај за ситуацијата во тој град. Тој претходно ги повика екстремистите поврзани со Ал каеда во источниот дел на Алепо да го напуштат тоа подрачје.