Стиглиц предвидува еврозона без Грција и Италија

Добитникот на Нобеловата награда, економистот Џозеф Стиглиц предвидува дека Италија, Грција и некои други земји ќе ја напуштат еврозоната во наредните години, а еврото и германските политики за штедење ги обвини за економските проблеми во Европа.

„Европа нема решителност да ги преземе потребните реформи, како што се создавање на банкарска унија, а исто така, нема солидарност преку националните граници, изјави Стиглиц.

„За 10 години се уште ќе има еврозона, но се поставува прашањето, како ќе изгледа таа? Малку е веројатно дека се уште ќе има 19 членки. Тешко е да се каже кој се уште ќе припаѓа“, вели тој.