Путин и Ердоган за решавање на кризата во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараа за потребата за интензивирање на меѓународните напори за завршување на конфликтот во Сирија, соопшти Кремљ. „Нагласена е потребата за зајакнување на напорите на меѓународната заедница да се оствари мирен политички процес во Сирија, да се создадат услови за смирување на ситуацијата и за решавање на акутните хуманитарни проблеми“, се наведува во соопштението.