Русија го суспендира договорот со САД за нуклеарни истражувања

заменик шефот на руската дипломатија Сергеј Ријабков

Русија суспендира уште еден договор со Соединетите држави, овојпат за заедничка работа во истражувањата околу нуклеарната енергија. „Веќе не можеме да му веруваме на Вашингтон во едно такво чувствително подрачје како модернизацијата и безбедноста на руските нуклеарни објекти“, соопшти руското министерство за надворешни работи, додавајќи дека договорот ќе биде продолжен ако Соединетите држави ги тргнат санкциите против Русија. „Топката е на американски терен“, изјави заменик шефот на руската дипломатија Сергеј Ријабков. Претходно Русија го суспендира договорот за отстранување на високо збогатениот плутониум.