Oдобрено повторно пребројување гласови од пет места во Сребреница

Полицајци од Центарот за јавна безбедност во Бијелина го чуваат изборниот материјал во Сребреница

Централната изборна комисија на БиХ одобри Општинската изборна комисија во Сребреница да отвори вреќи со гласачки ливчиња од пет избирачки места и со контролно броење да ги утврди резултатите од изборите.

„Станува збор за избирачки места на кои не беше можно да се утврди математичкото несогласување на резултатите при внесување во апликација за обработка на изборни резултати без отворање на вреќи“, појасни портпаролката на ЦИК, Максида Пириќ.

Полицајци од Центарот за јавна безбедност во Бијелина го чуваат изборниот материјал во Сребреница.