Нобелова награда за хемија за „молекуларни машини“

Научниците Жан-Пјер Суваж, Фрејзер Стодарт и Бернард Фаринга се добитници на годинашната Нобелова награда за хемија

Научниците Жан-Пјер Суваж, Фрејзер Стодарт и Бернард Фаринга се добитници на годинашната Нобелова награда за хемија за „дизајн и синтеза на молекуларни машини“. Кралската шведска академија за науки денеска соопшти дека „со минијатуризирањето на машините ја довеле хемијата во една нова димензија“. Научниците од Франција, САД и Холандија развија молекули со контролирано движење, кои може да извршуваат одредена задача кога ќе им се додаде енергија. Молекуларните машини „најверојатно ќе бидат употребувани во развојот на нови материјали, сензори и системи за складирање енергија“.