Москва нема да суспендира други договори со САД

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков

Русија нема планови да суспендира други договори со САД откако тоа го стори околу ограничувањето на збогатен плутониум кој се користи за оружје. Рускиот претседател Владимир Путин го суспендира овој договор неколку часа пред САД да соопштат дека ги прекинуваат разговорите со Русија во врска со мировниот процес во Сирија. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека немало поврзаност меѓу потегот на Москва и санкциите врз Русија што Западот ги воведе по анексијата на Крим во 2014 година.