Локалните грчки власти бараат од Ципрас итни мерки за бегалската криза

Локалните власти во Грција денеска ја повика грчката Владата да преземе итна акција во врска со бегалската криза, со оглед на тоа што бројот на бегалци и мигранти кои се заглавени во земјата достигна над 60 илјади луѓе.

Во писмо упатено до премиерот Алексис Ципрас, е посочено дека локалните власти низ целата земја се соочуваат со големи проблеми и имаат многу ограничени ресурси за да се обезбеди помош за растечката популација на мигранти и бегалци во земјата. Најголем проблем имаат островите во источниот дел на Егејското море кои го носат најголемиот товар од приливот на бегалци.