Путин ќе се сретне со Ердоган

Рускиот претседателот Владимир Путин ќе се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во Турција, соопшти денеска Кремљ. Советникот во рускиот претседателски кабинет Јуриј Ушаков изјави дека Путин ќе оддржи говор на Светскиот конгрес за енергетика, а потоа е планирана и билатералната средба. Светскиот конгрес за енергетика ќе се оддржи од 9 ти до 13 ти октомври.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека средбата на Путин со Ердоган ќе се одржи во Турција на почетокот на месецот.

Турско - руските односи беа влошени откако Турција собори руски авион во ноември минатата година. Но нагорната линија почна да се бележи во периодот по неуспешниот обид за државен удар во Турција од страна на војската.

Последна официјална средба на Путин и Ердоган е одржана во Кина на маргините на Самитот на Г- 20.