Руската амбасада во Сирија мета на бунтовници

Бунтовниците во Сирија ја бомбардираа руската амбасада во Сирија, соопштија руските власти. Од руското Министерството за надворешни работи денеска соопштија дека амбасадата во Дамаск била гранатирана претходниот ден. Никој не бил повреден во нападот.

Руските власти велат дека нападот бил извршен најверојатно од страна на „терористички групи“ кои се борат против силите на сирискиот претседател Башар ал Асад. Москва е клучен сојузник на Асад.

Во соопштението се наведува дека нападот е последица на дејствија како оние од страна на САД и некои нејзини сојузници, кои поттикнуваат продолжување на крвавиот конфликт во Сирија со тоа што им помагаат на милитантите и на екстремистите.