Иранскиот претседател на Собранието не се сретна со германскиот министер за економија

Претседателот на иранскиот парламент, Али Лариџани, го одложи состанокот со германскиот министер за економија Зигмар Габриел кој е во официјалната посета на Иран. Двајцата политичари требаше да се сретнат денеска.

Габриел е во посета на Иран заедно со делегација на бизнисмени кои сакаат повторно да се воспостават врски меѓу двете земји по укинувањето на меѓународните санкции. Но Лариџани го откажаа состанокот во последен момент, без да даде објаснување, соопшти портпарол на германската делегација.

Откажувањето на состанокот доаѓа откако германскиот министер ги коментираше реформите што ги спроведува иранскиот претседател Хасан Рохани. Габриел даде изјави и за потребата од нормализирање на односите меѓу Иран и Израел.

Министерството за надворешни работи на Иран ги отфрли коментарите, велејќи дека нема предуслов за нормализирање на односите.