Во Турција отпуштени над 12 илјади полицајци

Турските власти отпуштија од работа над 12 илјади и 800 полицајци поради нивна наводна поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, соопшти денеска турската полициска управа. Во соопштението се наведува дека 2.523 од нив биле полициски началници. Во акцијата, која ја спроведе Владата по обидот за воен удар на 15 јули, за кој властите го обвинуваат Ѓулен, Турција досега отпушти од работа над 100 илјади државни службеници, учители, судии, обвинители и други вработени.