ОН во обид за спас на примирјето во Сирија

Советот за безбедност на Обединетите нации побара да се најде начин за спас на примирјето во Сирија откако Соединетите држави соопштија дека веќе нема да соработуваат со Русија. Меѓутоа, ваквиот обид на Советот веднаш беше блокиран од официјална Москва. Франција и Шпанија побараа усвојување резолуција со која се одобрува мерка за итен прекин на воздушните напади врз сирискиот град Алепо, но Русија оцени дека таквата мерка нема да успее. Претходно Вашингтон соопшти дека ги прекинува преговорите со Русија, бидејќи се распадна примирјето предвидено со руско американскиот договор од 9 септември. Вашингтон оцени дека Москва не ги почитувала условите од тој договор.